ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Кавадарчанка со чекан ја удирала мајка си по глава, судот ѝ определил мерка притвор

Триесет и двегодишна кавадарчанка со чекан ја удирала мајка си по глава додека таа спиела во заедничкиот дом, информира Обвинителството. Оттаму велат дека Основниот суд во Кавадарци на предлог на јавен обвинител на осомничената ѝ определил мерка притвор во траење од 30 дена.

Advertisements

Кавадарчанката, како што информираат од Основното јавно обвинителство (ОЈО) Кавадарци, вчера наутро се обидела да ја лиши од живот сопствената мајка.

„Додека жртвата спиела во заедничкиот дом, осомничената, која подолг период се заканувала дека ќе го стори делото, ја удрила својата мајка со тврд предмет (чекан) по главата. Сведок бил таткото на осомничената, кој ја задржал и не ѝ дозволил да избега по настанот“, велат од ОЈО во описот на случајот.

Од Обвинителството велат дека, имајќи ја предвид висината на максималната казна за ваков облик на кривично дело, постои опасност од бегство, можност за влијание врз сведокот или обид да се доврши делото и поради тоа јавен обвинител доставил предлог до кавадаречкиот Основен суд за определување мерка притвор, кој синоќа бил прифатен.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button