ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Кавга во бугарскиот Парламент поради блокадата за Македонија

Шефицата на бугарската дипломатија, Екатерина Захариева е категорична дека добрососедството треба да стане дел од праговарачката рамка за С Македонија, така што билатералните документи ќе бидат имплементирани и следени во текот на целиот процес на преговори. Од говорницата на Националното собрание, Захариева ги повтори своите критики дека Скопје го крши Договорот од 2017 година и ја повика власта во државава дека без надминување на стереотипите, не може да влезе во ЕУ.

Advertisements

„Сега се надевам дека со намалувањето на емоциите и со рационален пристап ќе започнеме да зборуваме за тоа како ќе постапи раководството на Република Северна Македонија со цел да се започне со спроведување на договорот, да се запре говорот на омраза и да се однесува како вистински кандидат за членство во ЕУ. Им порачувам на моите колеги во Скопје: Помалку емоции, повеќе прагматизам и дела кон имплементација на билатералниот договор.“

Но, за време на парламентарната расправа за блокадата, некои пратеници се спротивставија на стратегијата со која Софија пристапува кон спорот. Валери Жабљанов од опозициската Бугарска социјалистичка партија го критикуваше договорот од 2017 година, велејќи дека тој не дава рокови кога треба да се завршат договорените обврски и затоа критиките кон Скопје дека не го почитува, се неосновани.

„Нашата позиција не зависи од работата на Комисијата за историја. Таа комисија може да има застој 15 години, па проектите за економска инфраструктура предвидени во договорот, ќе бидат готови во 2050 година. Како го објаснувате неспроведувањето на договорот во овој случај? Во врска со таканаречениот патоказ, тој претставува дополнителни услови на договорот кои мора да бидат прифатени од македонска страна. Каков е статусот на ваквиот документ, госпоѓо министерке? Никаков статус, бидејќи роковите што требаше да бидат вклучени во договорот, сега се обидувате да ги вметнете во еден вид патоказ.“

Жабљанов инсистираше позицијата на Софија да биде објавена сега, со цел да стане обврзувачка за следната влада по изборите во март, нагласувајќи дека ова прашање не може да се остава на интервјуа и лични мислења на претставници на С Македонија или на специјалниот пратеник, особено кога Софија нема свој таков претставник. Инаку, Владо Бучковски изминативе два дена се состана со шефовите на бугарската држави, на кои им предаде нон-пејпер како гаранција дека скратеното официјално име на државава, односно „Северна Македонија“ не крие територијални претензии кон Бугарија и оти државава нема да се меша во прашањето за малцинствата.

Anesa Salihu

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button