Кавгата на ВМРО и Арсовска го остава Вардар без филтер-станица
Кавгата на ВМРО и Арсовска го остава Вардар без филтер-станица

Во Средно Коњаре поточно кај реката Пчиња, левa притока на реката Вардар, рибарите доаѓаат овде за да уживаат во своето хоби. И покрај загадената вода разбравме дека и во текот на летото, кога температурите се повисоки, децата сакаат да се разладуваат во оваа вода и покрај тоа што е загадена.
Борис Смилев од Драчево утрово излегол на риболов во Пчиња, чија вода вели дека е екстремно загадена. Според него, рибите кои се повеќе на површината на водата веројатно може да се конзумираат, но оние во длабочината никако, бидејќи колку подлабоко, толку повеќе фекалии.
Пчиња, левата притока на Вардар, има највисоко ниво на бактериско загадување во текот на целата година, предупредуваат од Центарот за јавно здравје. Оние пак, кои се капат во водата може да добијат инфекции на очите и кожата, дијареа. Доколку не се лекуваат навреме сетоа тоа може да стане уште посериозно.
Министерот за екологија Насер Нуредини, вели дека изградбата на пречистителната станица за отпадни води во главниот град е неопходност и услов за членство во Европската унија.
„Европската унија дефинитивно бара да имаме третман на отпадните води пред да станеме дел од ЕУ. Тоа е услов. Овој проект е неопходен бидејќи нашиот главен град нема пречистителна станица за отпадни води. Неопходно е бидејќи реката Вардар е загадена, која продолжува дури во Грција, а потоа се влева во морето. Оваа пречистителна станица мора да се изгради“, изјави Насер Нуредини – Министер за животна средина.
Од невладините кои се занимаваат со еколошки прашања велат дека одлуката на Министерството за животна средина, кое се договорило со граѓанскиот сектор да изготви регистар наречен „Книга за води“, била правилен чекор. Ваквиот регистар се очекува да содржи податоци за состојбата на реките, не само во Скопје, туку и на целата територија на С Македонија./Alsat.mk
Еви Шкопи