„Кавгите во власта се како пресметка меѓу две банди за пленот“
„Кавгите во власта се како пресметка меѓу две банди за пленот“

Вообичаен и комичен настап меѓу двете банди, изјави лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Хирстијан Мицкоски, коментирајќи ја вчерашната пресметка меѓу јавниот обвинител Љубомир Јовески и вицепремиерката за добро владеење, Славица Грковска, во врска со критиките на вицепремиерката кон судството во земјава.
Мицкоски ја повтори потребата од предвремени парламентарни избори, бидејќи според него, ниту ДУИ, која е на власт 20 години, ниту СДСМ, не успеале да се изборат со криминалот и корупцијата.
Говорејќи за борбата против корупцијата, вицепремиерката за добро владеење, Славица Грковска, рече дека е поразително што обвинителите немаат интегритет да носат одлуки и ја критикуваше работата на судството во земјава. Таа ја критикуваше и работата на јавниот обвинител Љубомир Јовевски, велејќи дека тој не треба да биде избран во Уставниот суд бидејќи веќе потфрлил како јавен обвинител. Следниот ден следуваше реакција од Јовевски кој овие изјави ги оцени како неосновани и неточни, па дури и искоментира дека на Владата не ѝ треба функција како онаа на вицепремиерката Грковска./Alsat.mk
Ардит Рамадани