

Алсат
16.07.2020 16:11
Партизан од Албанија е казнет од ФИФА со блокирање на трансфер пазарот за една година и нема да може да биде активен на летниот трансфер пазар годинава и во јануари 2021 година. Сето ова поради напаѓачот Чинари, кој пред две години потпиша договор со Алавес, но потоа ѝ беше позајмен на Истра во Хрватска. Партизан ќе мора да плати и казна од 80 илјади евра, но за сè ќе поднесе жалби.