МАКЕДОНИЈА
Казна за 23 возачи поради затемнети стакла

Во периодот од 29 ноември до 5 декември 2021 Министерството за внатрешни работи спроведе контрола за санкционирање возила на кои се вградени неатестирани фолии (затемнети стакла) при што санкционирани се 23 возачи.
– Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта, наведуваат од МВР.