ВЕСТИЕКОНОМИЈАМАКЕДОНИЈА

Казна за ланец маркети од 16.000 евра

Ланец на маркети треба да плати речиси 16 илјади евра казна поради нечесно работење кон граѓаните. Од пазарниот инспекторат појаснуваат дека три маркети од истиот синџир се казнети по четири илјади евра, а одговорните лица по 1.200 евра. При контролата на инспекторите се утврдило дека маслото за јадење било отстрането од рафтовите, а на купувачите им се давало масло како подарок, само доколку направат сметка со одреден износ. Во последните шест дена инспекторите казниле вкупно 41 трговец поради непочитување на органичените маржи или поради немање на дневна евиденција.

„Констатирана е залиха на масло во магацинот, која што не беше изложена на рафт, исто така кај три објекти каде што се врши трговија се издадени прекршочни платни налози по закон за заштита на потрошувачи, се однесува за условување на едни производи со купување на други производи. Казната е 4 илјади евра за правното лице и по 1.200 евра за одговорното лице“, рече Анета Симеска Димоска, директорка на државен пазарен инспекторат.

Од денеска пазарните инспектори започнале и со контрола на производителите на масло за јадење а од утре ќе се прават контроли и на производителите на брашно. Кај еден производител на масло е утврдено дека цената од 104 денари по литар масло е во согласност со нивните тековни трошоци. Инспекторите уверуваат дека производителите имаат доволни количини на масло за јадење за да ги покрие потребите за следните три месеци.

Андреа Чобанова

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button