ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Казнети 168 возачи во Скопје, продолжуваат засилените полициски контроли

Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден (24.12.) продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот.

Advertisements

Само на територијата на град Скопје изречени се вкупно 168 мерки, меѓу кои 9 за возење без возачка дозвола, 7 за нерегистрирани возила, 9 мерки за користење на мобилен телефон. Изречени се 6 санкции за непрописно престигнување, 65 мерки за непрописно паркирани возила и 16 санкции за неносење заштитна маска.

Засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button