ВЕСТИМАКЕДОНИЈА
Казнети 184 возачи, 20 од нив за брзо возење

Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот.
На територијата на град Скопје изречени се вкупно 184 мерки, меѓу кои за некористење сигурносен појас 48, 20 санкции за возење повеќе од дозволената брзина, 18 за возење без возачка дозвола, пет за технички неисправни и нерегистрирани возила.
Изречени се 10 санкции за користење мобилен телефон, четири за минување на црвено светло, 53 за непрописно паркирани возила.
Засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови.