ВЕСТИМАКЕДОНИЈА
Казнети 216 возачи во Скопје, 138 за брзо возење
Казнети 216 возачи во Скопје, 138 за брзо возење

На територија на Град Скопје вчера се изречени вкупно 216 мерки во контролите во областа на сообраќајот што ги спроведува СВР – Скопје. Од нив 138 се за возење повеќе од дозволената брзина, 12 мерки за возење без возачка дозвола, 10 санкции за прекршоци што ги прават возачите на мотоцикл.
Како што соопшти МВР, изречени се 10 мерки за возење под дејство на алкохол, три санкции за минување на затворен сигнал (црвено светло)…
-Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта, се вели во соопштението од МВР.