ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Казнети 306 возачи за брзо возење

Казнети 306 возачи за брзо возење

Во рамки на акциската контрола на територијата на земјава за санкционирање возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, санкционирани се 306 возачи.

Advertisements

Од нив, како што информираат од МВР, 13 возачи управувале со возилата со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а еден со дури над 70 километри на час повеќе од дозволената брзина. Притоа, 173 возачи ја пречекориле брзината во населено место, а 133 надвор од населено место.

Од МВР најавуваат дека сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелират до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за заеднички придонес за побезбедни патишта.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button