МАКЕДОНИЈА
Казнети 319 возачи поради брзо возење

Полицијата казни 319 возачи за пребрзо возење во зајакната акциска контрола што вчера се реализирала во целата земја, соопшти Министерството за внатрешни работи.
„Од нив, 21 возило се движело со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а пет со дури над 70 километри на час повеќе од дозволената брзина. Притоа, 154 возачи ја пречекориле брзината во населено место, а 165 надвор од населено место“,
информира МВР.
Од Министерството велат дека засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови и апелираат сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи.