МАКЕДОНИЈА
Казнети обвинители, не смее да се доближат до зградите на Обвинителствата

Скопскиот обвинител Миле Арсеновски кој се споменуваше во бомбите доби дисциплинска постапка. Со решение од републичкиот обвинител Љубомир Јовески, Арсеновски не смее да се добилижи до скопското обвинителство. За него е констатирано дека не преземал конкретни дејствија и застарувале предмети кои му биле доделени да ги работи. Под дисциплинска постапка е обвинителката Лејла Кадриу од тетовското обвинителство. Ниту таа не смее да се доближи до тамошната обвинителство. Против неа беше поведена постапка поради случајот со проблемите со водоводот за некои села на Шар Планина.