МАКЕДОНИЈА
Казни за 300 возачи во Скопје, 57 за брзо возење

На територијата на град Скопје изречени се вкупно 300 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 57 санкции, информираа денеска од МВР.
Од нив, 56 мерки се за возење без возачка дозвола, а 23 санкции за технички неисправни и нерегистрирани возила.
За користење мобилен телефон се изречени 19 мерки, осум за некористење сигурносен појас, пет за возење под дејство на алкохол, шест прекршоци што ги прават возачите на мотоцикли и пет за минување на црвено светло.