МАКЕДОНИЈА

Казни за 509 возачи поради брзо возење

Во текот на вчерашниот ден, во периодот од 10.00 до 18.00 часот, сите сектори за внатрешни работи и Мобилната единица за безбедност на сообраќајот на патиштата спроведоа засилена акциска контрола за управување на возило со брзина поголема од дозволената, при што се санкционирани 509 возачи, кои ја пречекориле дозволената брзина.

Advertisements

Притоа, на подрачјето на СВР Тетово биле санкционирани 94 возачи за брзо возење, СВР Скопје евидентираше 80 казни, 70 санкции за брзо возење се констатирани на подрачјето на СВР Битола, 61 на СВР Охрид, а една помалку (60) на подрачјето на СВР Куманово. СВР Струмица регистрираше 59 казни, СВР Штип 48 санкции, СВР Велес 25, а од страна на Мобилната единица за безбедност на сообраќајот на патиштата беа санкционирани 12 возачи.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button