
Вкупно 138 контроли во последните три дена извршило Министерството за транспорт, преку Државниот инспекторат за транспорт, како дел од зголемените контроли во областа на превозот. Од извршените проверки од страна на инспектори за патен сообраќај, откриени се 21 неправилност кај правни и физички лица кои превезувале патници и стока. Меѓу фирмите кои работеле нередовно е транспортната компанија „Дурмо турс“ од Гостивар и уште неколку фирми како што се;
VZR
• • Дурмо Турс, Гостивар
• • Danny International, Илинден
• • Swiss Mac Aligega, Гостивар
• • Зем промет – Компанија, Босилово, Сарај
• • Словин Билјана, Охрид
• • Бис, Охрид
• • Пештер ДОО, Скопје – Чаир
• • Димитриоски, Скопје – Гази Баба
• • Хисари-ГД, Дебар
• • Инком Бизнис, Куманово
• • Палас експорт-импорт, Гостивар
Казни се изречени и за 10 лица кои нелегално превезувале патници и стока. Според Министерството за транспорт, за сите констатирани неправилности изречени се соодветни казни, а за понатамошни дејствија известени се и МВР и Јавното обвинителство./Алсат.мк
Авни Тахири