ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Ќе дојде само Ристо Пенов, нема најава за нови министри во Владата

Ќе дојде само Ристо Пенов, нема најава за нови министри во Владата

Премиерот Димитар Ковачевски тврди дека освен министерот за локална самоуправа, нема да има други промени во неговиот тим. Предлогот за именување на Ристо Пенов за министер за локална самоуправа е доставен до Собранието.

Advertisements

За Пенов реагираа од ВМРО-ДПМНЕ. Според нив, Ристо Пенов е поранешен градоначалник на Скопје кој останал запаметен по приватизацијата на „Топлификација“, „Скопски пазар“ и „Градскиот трговски центар“.

„СДСМ го достигна својот врв со предлагање на истрошена и стара фигура за министер за локална самоуправа. Во екот на најголемата економска и енергетска криза во последните децении, безбедносна криза и предизвици, СДСМ го „почести“ јавноста со нов министер, поточно поранешниот градоначалник на Град Скопје, Ристо Пенов“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Од ЛДП ги отфрлаат обвинувањата на ВМРО и велат дека за работата на Пенов како градоначалник говореле проектите што ги оставил зад себе.

„Ристо Пенов ќе биде министер за локална самоуправа и ќе соработува со сите градоначалници на сите политички партии“, велат од ЛДП.

Предлогот Пенов да биде нов министер на местото на неговиот сопартиец, Горан Милевски, влегува во Собрание токму во седмицата кога ДУИ викендов ќе одржи седница на Генералниот совет за избор на органите на партијата и давање отчет и одговорност од нивните функционери во извршната власт./Alsat.mk

Адријан Керими

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button