ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Ќе го чекаме и дождот да ги изгасне преостанатите пожари

Ќе го чекаме и дождот да ги изгасне преостанатите пожари

Дождовите им доаѓаат на помош на надлежните во гаснењето на големите пожари кои зафаќаат шумски површини на територијата на државата. Во моментов во Охридско има еден активен пожар, а од Центарот за управување со кризи проценуваат дека по врнежите се очекува овој пожар целосно да биде изгаснат.

Advertisements

С Македонија се соочи со 139 пожари само во март, 141 во април, 193 во мај, 191 во јуни, 91 во јули, додека за само 9 дена од август бројот на пожари достигна 88. Во сите нив, само во 7 случаи било интервенирано од воздух, а во еден случај пожарот бил изгаснат од дожд.

Минатиот месец, според Факултетот за безбедност во Скопје, остри критики беа упатени кон системот за управување со кризи, заштита и спасување. Од таму посочија дека нема координираност, постои делумна партизација во кадарот и нема професионализам. Професори по безбедност потенцираа дека покрај потребата од донесување закон за вонредна состојба, потребно е и „спојување“ на Центарот за управување со кризи и Дирекцијата за заштита и спасување, во едно единствено тело.

Ајнур Бафќари

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button