ВЕСТИМАКЕДОНИЈА
Ќе има дневен престој во училиштата

Во основните училишта во кои ќе има настава со физичко присуство ќе има и продолжен престој. Ваква одлука денеска донесе владата по препорака од Комисијата за заразни болести.
„Одобрена е организацијата на продолжен престој на учениците во основните училишта за одделенијата кои ќе започнат настава со физичко присуство, со препорака продолжениот престој да се организира и реализира со ученици од иста паралелка и од исто одделение, без мешање на различни паралелки и одделенија“ соопштија од Владата.
Владата ја прифати и препораката на комисијата за заразни болести да отпочнат со работа дневните центри за лица со попреченост со стриктно почитување на мерките .