ВЕСТИМАКЕДОНИЈА
Ќе има ново судење за случајот „Организатори на 27 април“
Ќе има ново судење за случајот „Организатори на 27 април“

На поранешниот собраниски спикер, Трајко Вељаноски, поранешните министри, Спиро Ристовски и Миле Јанакиески и поранешниот директор на Управата за безбедност и контраразузнавање, Владимир Атанасовски, обвинети дека биле организатори на упадот во Собранието од 27 април, ќе им се суди одново.
Апелација ја укина првостепената пресуда со која тие беа осудени на вкупно 25 години затвор откако ги прифати нивните жалби. Предметот е вратен на повторно судење пред Кривичниот суд. Апелација оцени дека при постапувањето во овој предмет биле сторени суштествени повреди на одредбите на кривичната постапка./Alsat.mk