Ќе има одговорност за поранешниот директор и заменик-директор на Државниот завод за статистика, најави првиот вицепремиер Изет Меџити
Ќе има одговорност за поранешниот директор и заменик-директор на Државниот завод за статистика, најави првиот вицепремиер Изет Меџити

Првиот вицепремиер Изет Меџити, потенцира дека со одлуката на Уставниот суд се докажало дека претходната влада ја избришала дијаспората во земјата, регистрирајќи ја како нерезидентно население, а според него, најтрагично е што тоа го направиле незаконски. Меџити најави кривична за поранешните раководители на Државниот завод за статистика. Според него, со укинувањето на методологијата, ваква дискриминација на дијаспората повеќе нема да има.
„Дијаспората ја изгради земјата и таа е важна инфузија за Северна Македонија и за граѓаните овде. Но, претходната влада ги избриша пишувајќи ги како нерезидентни. Што е уште потрагично, тие ова го направија незаконски, затоа најостро го осудуваме овој чин и ќе поднесеме барање до Обвинителството да покрене обвинение против директорот и заменик-директорот кои го прекршиле законот за бришење на дијаспората во земјата претставувајќи го како нерезидентно“, рече Изет Меџити, прв вицепремиер.
Претходно, Меџити се судри на социјалните мрежи со Демократската унија за интеграција за резултатите од пописот во 2021 година, бидејќи според него, во најголемото село во Сарај се регистрирани само 36 жители. Затоа ДУИ нагласува дека пребројувањето на жителите на Грчец се регистрирани во другите села како Крушопек, Шишово и Сарај. Сепак Меџити потенцира дека бидејќи жителите на Грчец, седиштето на ДУИ ги преселило во соседните села, тогаш каде се раселени жителите на Мала Речица, каде според него, на пописот недостасуваат 3.500 жители. Меџити најави дека ќе продолжи да објавува вакви податоци кои, според него, не одговараат на фактичката состојба./Алсат.мк
Суад Бајрами