ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Ќе ја поддржи ли СДСМ Резолуцијата без уставното име во неа? Еве што вели Заев

Ако некој сака да го избегне уставното име на Република Северна Македонија нека го прави тоа сам, ние овде нема да партиципираме, рече денеска премиерот Зоран Заев запрашан дали се точни написите во некои медиуми дека СДСМ нема да ја поддржи Резолуцијата за црвените линии со Бугарија, ако во нејзиниот текст не се употребува уставното име на нашата земја.

Advertisements

„Во нашиот Устав не пишува дека ние сме Република С. Македонија. Ние сме Република Северна Македонија. Граѓаните за тоа прашање се изјаснија на референдум и согласно Уставот – две третини. Парламентот во дискусија од 130 дена, три пати гласајќи, ја донесе одлуката за нашето ново уставно име“, рече Заев.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button