ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Ќе му се суди на Мухамед Зекири, го оштетил буџетот за 1,5 милиони евра

Јавното обвинителство го прошири обвинението против поранешниот секретар на Владата, Мухамед Зеќири, обвинет за злоупотреба на службената должност. Обвинителството го гони Зеќири, за прекршување на Законот за јавни набавки со што го оштетил државниот буџет за 1,5 милиони евра.

Advertisements

Првото обвинение се однесува на договорот за консултантски услуги кој, според Обвинителството, бил склучен без примена на процедурите предвидени со закон, додека фирмата што имала корист, била основана 20 дена пред да се склучи договорот од страна на хрватски државјанин, исто така обвинет во случајот. Станува збор за физибилити студија за Македонски пошти.

Второто обвинение за кое обвинителството се сомнева дека Зеќири го оштетил буџетот е поврзано со „Македонски железници-Транспорт“. Обвинителството утврди дека сè уште постои ризик од бегство и му го продолжи куќниот притвор.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button