ВЕСТИЕКОНОМИЈА

Поскапуваат ли услугите на автошколите?

„Бараме поскапување на услугите за 30%, односно од 24.500 да оди на 26 илјади денари. Ова се должи на поскапувањето на храната и нафтените деривати, вели претседателот на Националната асоцијација на автошколи, возачи и инструктори „Обука-Л“, Јонче Апостолоски во емисијата „Утрински брифинг“.

Advertisements

Според него, оваа иницијатива е од сите автошколи во земјава, а некои веќе почнале да работат со новата цена.

„Ако не можете да работите профитабилно тогаш што да правите. Претходно минималната цена беше 19.300 и овде ако ги одземеш тие 3.000 за ДДВ тогаш не може да се работи. Толку ќе ве чини час и половина со секое превозно средство. Овде имате обврски за плаќање, средства за инструктори, амортизација на возилото, непредвидливи трошоци за дефект на возилото. Стана тешко да се живее и работи во оваа професија“, нагласи Апостоловски.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button