МАКЕДОНИЈА
Ќе продолжат ли рестриктивните мерки, Комисијата одлучува денеска

Комисијата за заразни болести денеска треба да препорача дали ќе продолжат да важат сегашните рестриктивни мерки во државата или ќе има нивно олабавување, по што одлука ќе донесе Владата.
Актуелните рестриктивни мерки важат од 6 до 20 април и вклучуваат полициски час од 20 часот навечер до 05 часот наутро, а поради третиот бран на коронавирусот затворени се угостителските објекти, рестораните, кафулињата, но и спортските обложувалници, теретаните, фитнес клубовите…