ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Ќе се избираат нови членови на Антикорупциската комисија

Собранието распиша конкурс за нов формат на Државната комисија за спречување на корупцијата. Мандатот на досегашните членови завршува и немаат право на повторен избор.

Advertisements

Конкурс за претседател и членови на ДКСК:

„Согласно условите, лицата кои во кој било мандат ја извршувале функцијата претседател или член на ДКСК без оглед на времетраењето на мандатот, не можат да бидат реизбрани за претседатели или членови на оваа комисија.“

Но, со што се соочија антикорупционерите во текот на нивниот мандат? Иако покренаа многу постапки, сепка на крајот беа немоќни да одат до крај поради законските пречки и непостапувањето на институциите надлежни за спроведување на законот.

Најзначаен беше случајот со градоначалникот на Струга, Рамиз Мерко, кој доведе до прекин на комуникацијата и соработката помеѓу Јавното обвинителство и Антикорупциска. Случајот беше актуелизиран откако Мерко заврши на црната листа на САД.

Исто заврши и иницијативата до Обвинителство за нелегално финансирање на ДУИ преку фирми-донатори. Иако, тоа се правело спротивно на законските одредби за финансирање на политички партии, Јавното обвинителство не најде основа за кривично гонење на партијата.

Антикорупциска неколку пати покрена иницијативи и за владини функционери кои ги злоупотребиле државните канцеларии и службените возила за приватни цели, но ниту за нив немаше епилог.

Во 2020 година Антикорупциска поведе прекршочна постапка против 12 пратеници за прикривање на имот, а побара и законски измени за укинување на апанажата, поради сомневања за злоупотреба на овој механизам по завршување на мандатот.

Адријан Керими

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button