Ќе се користи ли рускиот гас ако е поевтин за домашниот пазар?

Директорот за национални енергетски ресурси, Бајрам Реџепи, вечерва во „Економски магазин“ на Алсат, рече дека иако нема забрана за користење руски гас, според него, доколку тој биде поевтин за локалниот пазар, ќе секако и тој се користи.
Сепак, Реџепи информира дека во ЕУ годинава количината на руски гас моментално е само 8 или 9 отсто.
„Додека немаме забрана за користење на рускиот гас, ако е поевтин за нашиот пазар, секако дека ќе го користиме и ние. Но, треба да се види и геополитичката страна, бидејќи ако ја погледнете мапата за снабдување на ЕУ, огромното мнозинство на природен гас беше од север кон југ или од исток кон запад, сега ова се менува. Ако лани количеството руски гас што го имаше на европскиот пазар беше некаде близу 43 отсто, годинава се очекува да биде некаде околу 8 или 9 отсто, што значи дека има драстичен пад. Тоа значи дека ЕУ може да опстане и без руски гас“, рече Реџепи.