ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Ќе се намали ли конечно цената на зелениот картон?!

Ќе се намали ли конечно цената на зелениот картон?!

Македонските граѓани плаќаат највисока цена за зелен картон во споредба со соседните земји. Во многу земји во регионот, како Србија, Бугарија и Грција, зелениот картон е вклучен во основната полиса за автоосигурување и автоматски се добива при регистрацијата на возилото.

Advertisements

Возачите велат дека цената е превисока за нашиот стандард и бараат итно намалување.

Анкета граѓани

„Цената е прескапа, за нашиот стандард е премногу висока а и гледајќи по другите држави зелениот картон сите го имаат заедно со регистрацијата. Ама сега ние мораме да се однесуваме како државата што командува.“
„Па најубаво би било така, така би се намалила цената. Може нема да им одговара на тие што не вадат воопшто зелен картон , ама по мене би требало да биде заедно со регистрацијата.“ 0012 0,19-
„Сметам дека доколку имаме највисока цена на зелениот картона веројатно најнизок стандард, нешто треба да се промени.“

Од Минситерството за финансии велат дека работат на изготување на детална анализа која се однесува на прашањето за цената на зелениот картон.

„Во моментот Министерството за финансии прави анализи. Во делот на регионот, до РС Македонија е доставен Нацрт-патоказ којшто е изговен во рамки на Централно-европскиот договор за слободна трговија кој е во насока на олеснување на движењето на луѓе и моторни возила во рамки на земјите членки на ЦЕФТА.
Во однос на добиениот Нацрт-патоказ се преземаат активности со цел да се дефинираат конкретните чекори согласно утврдена временска динамика. Имено, се работи на утврдување предлози коишто ќе бидат доствени до Владата за нивно усвојување, по што ќе бидат споделени со јавноста“ – Министертство за финансии.

И владејачката партија ВМРО – ДПМНЕ, но и опозициската СДСМ во своите предизборни кампањи ветуваа дека ќе ја намалат цената на зелениот картон или пак ќе го направат едно евро.

Според официјалните податоци на АСО, кои ги доби телевизија Алсат, покажуваат дека за пет месеци, односно од јануари годинава до мај, осигурителните компании издале зелени картони во вредност од 535,1 милиони денари за над 100,000 договори, додека исплатиле штети од 56,7 милиони денари за речиси 600 незгоди. Минатата година издале зелени карти во вредост од 1,3 милијарди денари за 274,268 договори , а исплатиле штети од 449,2 милиони денари за 1,561 штета.

Зелениот картон служи како осигурителна заштита за возачите кои патуваат во странство. Главната цел е да обезбеди компензација за материјална и нематеријална штетиа предизвикана во сообраќајна несреќа. Доколку возило со македонски таблички предизвика несреќа во странство, трошоците за оштетените возила и евентуалните медицински трошоци ќе бидат покриени од македонското осигурително друштво што го издало зелениот картон.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button