Ќе се преиспита уставноста на елементите во законот за недела неработен ден, велат од Стопанската комора

Законот за недела неработен ден изобилува со спорни елементи и неговата уставност ќе се испитува, вели во своето вечерашно гостување во емисијата „Економски Магазин“ на Алсат, Даниела Михајловска Василевска, од Стопанската комора. Како што вели таа, со примена на овој закон голем број индустрии би можело да влезат во загуби.
„Што се однесува на недела неработен ден тука има толку многу неуставни елементи така што дефинитивно ќе се преиспитува уставноста на ова законско решение. Остануваме на ставот дека одредени дејности и индустрии ќе претрпат сериозни загуби и тука не само што нема да се оствари правото на минимална плата, туку нема да може да се оствари правото на работен процес ако не работат во недела, а недела ќе го повлече и понеделник, додека се подготви производниот процес за следниот ден“, вели Михајловска Василевска.