Ќе се прошират штрајковите за повисоки плати во администрацијата
Ќе се прошират штрајковите за повисоки плати во администрацијата

Кај вработените во јавниот сектор се зголемува револтот поради тоа што власта не им ги зголемува платите. Во некои државни институции периодични протести веќе почнаа, но само во текот на работното време. Следниот чекор, според синдикаите е генерален штрајк. Несогласувањето со надлежните за унифицирање на новата методологија на плати доведе до досега невидена реакција од Сојузот на синдикати на Македонија. Но, големо незадоволство има и во приватниот сектор. Иван Пешевски од Синдикатот за градежништво и индустрија, вели дека сè повеќе расте негативната енергија и кај вработените во приватните фирми кои не се задоволни од платите. Имено, според Пешевски, голем број фирми ги злоупотребиле државните пари и мерките за помош, а во ниту еден момент не ги подобриле условите за работниците.
Според експертите, овој проблем почна да ескалира кога државните функционери добија право за повисоки плати дури за екстра 2 илјади денари дневно, а дел од јавниот сектор добија толку пари, но за цел месец работа.
Професорот по економија Абил Бауш вели дека зголемувањето на минималната плата не е за пофалба кога двоцифрената инфлација ги стопи дури и просечните плати. Тој смета дека стотиците начини на кои се пресметуваат платите создава неправда меѓу вработените и нереален пазар на трудот.
„Дефинитивно наскоро мора да има нова методологија за платите, не само со покачувањето на платите, туку и подобри услови и резултати во работата на јавниот сектор.
Зголемувањето на минималната плата го иритираше приватниот сектор. Доколку се реализираат најавите за дополнително зголемување на струјата и другите енергенси, ќе бараат друга алтернатива за да ги задржат работниците. Нивните барања ќе го зголемат притисок врз Владата“, изјави Абил Бауш, професор по економија.
Во земјава со околу 1,8 милиони жители, во јавниот сектор се вработени над 130.000 и тие земаат плати од државниот буџет. Други 350.000 се вработени во приватниот сектор. Од вкупниот број вработени во Македонија дури една четвртина земаат минимална плата, односно нешто над 20 илјади денари. Во европските земји тројца вработени мора да ги покриваат трошоците на еден пензионер, но кај нас за пензијата на еден пензионер треба да работат 6 лица.
Аднан Ќаили