
Следната учебна година се очекува дел од студентите да бидат сместени во двата реконструирани студентски домови во кои веќе се одвиваат градежните работи. Министерката за образование, Весна Јаневска, рече дека за реконструкција на студентските домови „Кузман Јосифовски Питу“ и „Стив Наумов“ се издвоени 17 милиони евра со кои треба да се реконструираат внатрешноста на просториите, фасадата, поставувањето на фотоволтаиците и системот за еко греење.
Александар Николоски, претседател на Студентското собрание рече дека покрај најдобрите услови во студентските домови, треба да се обезбедат и поевтини закупнини на станови во универзитетските градови.
За проектот кој се однесува на реконструкција на државните студентски домови досега се обезбедени средства во износ од 25 милиони евра, од кои 20 милиони преку кредитната линија на Германската развојна банка и речиси 5 милиони евра неповратен грант, од Регионалната програма за енергетска ефикасност за Западен Балкан на Европската Унија./Алсат.мк
Мелихате Рустеми