ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Ќе се зајакнува безебдноста околу училиштата

Ќе се зајакнува безебдноста околу училиштата

Таен протокол на МВР и протокол веќе познат од Министерството за образование, се новите мерки за тоа како треба да постапат училиштата во случај да се соочат со дојави за бомби. Протоколот на Министерството за образование, меѓу другото, не дозволува влез на родителите во училиштето без претходна најава, а кога ќе има дојави за бомби,  родителите да се информираат телефонски. Од движењето „Книги и настава мора да има“, доставија допис до Министерството за образование во кое даваат рок од 15 дена да се решат проблемот, во спротивно најавија протести.

Шефот на опозицијата Христијан Мицкоски, рече дека Владата се покажала како ненадлежна во овој случај. Тој дури го обвини МВР, дека ги терала директорите на училиштата да ги игнорираат известувањата за бомбите.

Премиерот Димитар Ковачевски рече дека станува невозможно овој проблем да се неутрализира.

Во последните месеци дојавите за бомби станаа секојдневна појава во училиштата во земјата. Најмногу страдаат учениците, кои по почетокот на часот се принудени да ја напуштат училишната зграда за да може полицијата да ги изврши потребните проверки./Алсат.мк

 

Мелихате Рустеми

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button