
На прашањето за француско-германскиот план, амбасадорот на Косово во Северна Македонија рече дека премиерот Курти одговорил на ова прашање, велејќи дека овој план во суштина го предвидува конечниот договор.
„Косово е заинтересирана за договор кој во центарот го има признавањето. Со тоа би се решиле билатералните проблеми што ги имаме со Србија. Француско-германскиот план, без да навлегуваме во детали, е добра почетна точка за да се постигне оваа цел“, рече амбасадорот Ќехајa.
Амбасадорот додаде дека Србија се обиде да го спречи овој процес со последните настани на северот./Alsat.mk