
Вечерва на Програмата 200, со модераторот Назим Рашиди, тема на разговор беше тензијата меѓу Косово и Србија, како и евентуалното влијание врз регионот и пошироко. За оваа тема беше поканет амбасадорот на Косово во Северна Македонија, Флоријан Ќехаја.
Токму за внатрепартиските разидувања во Косово, амбасадорот Флоријан Ќехаја ги смета вредностите на демократијата и дека според него, во овој поглед Косово е прво во регионот.
„Плурализмот ги има овие работи, мислам дека оваа работа ја збогатува позицијата на Косово во однос на една многу чувствителна тема со која се соочуваме сега и дека таа работа не претставува проблем во проширувањето на суверенитетот на северот на земјата”, рече амбасадорот Ќехаја/Alsat.mk