![](https://alsat.mk/mk/wp-content/uploads/2023/11/Harry-Kane-right-finds-no-way-through-during-the-Euro-2024-group-C-qualifying-soccer-match-780x470.jpg)
Фудбалерите на Англија се пласираа во четвртфиналето на Европското првенство, откако во Гелзенкирхен по пресврт и продолженија ја совладаа Словачка со 2-1.
Стрелец на водечкиот гол за словаците беше Шранц во 25. минута, оваа селекција беше на неколку секунди до сензација, но Белингем во петтата минута од судиското надополнување погоди за 1-1. Потоа Кејн на самиот почеток на продолженијата се погрижи за пресврт и водство од 2-1.
Капитенот на Англија, Хари Кејн, веднаш по натпреварот имаше големи зборови за Џуд Белингам.
„Џуд Белингам е најдобриот во историјата на нашата земја. Каков играч е тој. Тој работи толку напорно. Тој е таму кога е важно. Тоа е она што го направи и денес.Во ова натпреварување треба да најдете начин да победите. Овој тим знае како да “копа длабоко”. Можевме да играме подобро. Но на крајот на денот, резултатот е најважен. Се надевам дека ќе продолжиме вака“, заклучи Кејн.
Англија в сабота во Диселдорф ќе се бори за пласман во полуфиналето против Швајцарија