ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Кејот на Црн Дрим повторно во мрак

Осветлувањето на Црни Дрим, за кое струшкиот градоначалник Мерко, потроши 110. 000 евра, не издржа ни една година. Не работат сијалиците, кои беа поставени за таа намена. Мерко во јуни минатата година, со пренос во живо, свечено го пушти во употреба осветлувањето на реката во разни бои. Долж целиот кеј беа поставени вкупно 300 светилки, а фирмата која беше избрана на тендерот гарантираше за квалитетот на осветлувањето за во наредните десет години.

Advertisements

„Ова не е првпат, овде имало многу случаеви вакви, оставаме на општината и на владата, што ќе сторат“…

„Еве гледаме, види ја коцката, таа не траеше ни една година, парите отидоа и кој ќе одговара сега,ни јас, ни ти ни никој“…

„Не требаше да бидат светилките тука. Дрим е убав и без светилки, а за народните пари секако се трошат тие. Рационално многу малку се трошат народните пари, не само за Дрим, туку воопшто“…

„Многу пари се потрошени за џабе.Тоа е голема пара фрлена“, реагираат граѓаните.

Од ВМРО ДПМНЕ во Струга велат дека средствата вложени за овој проект се покажале како непотребни во време кога Струга се соочува со голем број проблеми, како што се лошата инфраструктура, недостатокот на паркиг места.

„Струга не дека е сиромашна општина, меѓутоа Струга е општина каде што никој не знае на што се трошат парите. Да се вложат толкави средства, во нешто кое е беззначајно е сулуда идеја. Дали Струга виде некаква корист од тоа што беа потрошени толку пари. Ние како туристичко место на име на осветлување никогаш нема да ги повратиме тие средства“, рече Никола Кукунеш.

Прашавме во општина Струга, зошто не работи осветлувањето, но одговор ни рекоа дека нема да има. По поставувањето на светилките, реагираа еколошките здруженија кои рекоа дека осветлувањето ќе има штетни последици врз животниот и растителниот свет во реката.

Мики Трајковски

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button