
Кевин Дурант реши преку својата компанија да инвестира пари во францускиот шампион ПСЖ.
Дурант неодамна го посети кампот на парижаните и имаше разговори со управата, по што реши дека е паметно да купи дел од акциите, иако засега не е познат колку пари ќе потроши.
Американскиот кошаркар неодамна го освои златниот медал на Олимписките игри, но не реши да земе одмор, туку веднаш да се вклучи во инвестирање.