
Комесарот за натпреварување во КФМ, Александар Милојевиќ, ги обелодени казните за учесниците во инцидентот на неодамнешниот пријателски меч помеѓу ТФТ и Чаир 2030, кој не беше доигран поради физички напад на луѓе од публиката врз еден од кошаркарите на домашниот тим.
Чаирчани поради ова првите три средби од новата сезона во Првата лига ќе ги играат пред празни трибини, а згора на тоа ќе треба да платат и 48.000 денари.
Казна доби и капитен на ТФТ, Едис Нури, кој поради „учество во тепачка“ ќе мора да ги пропушти првите две средби на својата екипа. ТФТ ќе мора да плати 30.000 денари поради лоша организација и непочитување на одлуката на КФМ за начинот на кој се организираат официјалните, но и пријателските натпревари.
Казна има и за делегатот на оваа средба, Антонио Теофиловски, кој доби забрана за вршење на должноста на две средби поради „несовесно и неуредно извршување на должноста“.