ВЕСТИРЕГИОН

КФОР: Приштина и Белград да преземат одговорност за настаните на северот на Косово

Командантот на КФОР, генерал-мајор Анџело Микеле Ристуча побара од Косово и Србија да преземат целосна одговорност за настаните што се случија вчера на северот на Косово и да не се кријат зад лажните наративи.

Advertisements

Ристуча, исто така, побара од партиите да спречат секаква понатамошна ескалација на ситуацијата, пишува регионалниот сервис на Радио Слободна Европа.

Мировната мисија на НАТО на Косово, КФОР, соопшти дека за време на протестот во општина Звечан, вчера, биле повредени 30 нивни војници.

„Од повредените војници, 11 се од италијанскиот и 19 од унгарскиот контингент. Тие се здобиле со повеќе повреди, меѓу кои и скршеници и изгореници од рачно изработени експлозивни направи. Тројца унгарски војници се ранети со употреба на огнено оружје, но повредите не се опасни по живот“, соопшти КФОР, пренесува РТС.

Од КФОР велат дека го зголемиле своето присуство во четири општини во северно Косово за да го намалат ризикот од ескалација откако новоизбраните градоначалници се обидоа да ја преземат функцијата.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button