ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Кичеец останува зад решетки, Судот го одби неговото барање

Желбата на осуденикот Зоран Милевски Кичеец да биде предвреме ослободен, судот не му ја исполни. Тој во својата молба испратена до Судот бараше целосно да се посвети на професијата магационер во бар во Охрид за да може да го издржува семејството. Во молбата тој потенцираше дека одлежал и една третина затвор во случајот „Рекет“ кој е и законскиот минимум за барање условен отпус. Совет од тројца судии кривичари одлучи Кичеец да остане зад решетки до крајот на тригодишната затворската казна за случајот „Рекет“.

Advertisements

„Постапувајќи по предлог на Директорот на КПД Струга – Отворено одделение, за условен отпуст на З.М. правосилно осуден во предметот на овој суд, во јавноста познат како „Рекет“, Кривичниот совет на одделението за организиран криминал и корупција, по одржана седница на совет на 12.11.2021, донесе решение со кое предлогот се одбива“, соопштија од Кривичниот суд.

Одлуката следи и покрај пофалните зборови за Кичеец. Директорот на струшкиот затвор Ваљон Ќура за Кичеец дал позитивно мислење во кое наведол дека неговото поведение „во секој поглед е на потребно ниво“, а и дека Кичеец важи за добар другар за секој осуденик во струшкиот затвор.

Сепак, одлуката на Кривичниот суд не е финална. Кичеец има право да се жали до Апелациониот суд како повисока инстанца. А, тој суд, евентуално, ќе одлучи дали Кичеец ќе може порано да ја почувствува слободата за случајот „Рекет“, за кој призна вина и доби три години затвор. Казната за овој случај му завршува во февруари 2023 година. Но, во досието на Кичеец не е само овој случај. Тој се спогоди со гостиварското обвинителство за сообраќајката која се случи на почетокот од септември и доби шест месеци затвор. Кичеец, тогаш, на полна лента претрка возило и удри во друго. Во сообраќајката загина 32 – годишен гостиварец, а шест беа повредени.

Игор Стефановски

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button