МАКЕДОНИЈА

Кичеец сѐ уште не се пријавил во КПУ Затвор „Скопје“, побарал одложување на казната

Зоран Милески – Кичеец до Основниот кривичен суд во Скопје побарал одложување на издржувањето на затворската казна и затоа не се пријавил во затворот „Скопје“ во Шуто Оризари, потврдуваат од судот.

Advertisements

Од Кривичниот суд велат дека за неговото барање ќе одлучи судија за извршување санкции по што преку соопштение ќе ја информираат јавноста за тоа дали ќе добие одложување или сепак ќе мора да влезе во Шутка.

Засега нема информации кои причини Кичеец ги навел во неговото барање.

Според Законот за извршување санкции, осудено лице може да побара одлагање на почетокот на извршувањето на затворската казна од неколку причини, меѓу кои се: болничко лекување од потешка акутна болест или зависности; смрт или тешка болест во потесното семејство; извршување на неодложни полски или сезонски работи; завршување на училишна година или полагање на испит и др.

Милески е осуден на три години затвор, откако во декември минатата година, го призна делото за случајот „Рекет“ – примање награда за противзаконито влијание.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button