
Висла Плоцк на маестрален начин го заврши настапот во оваа 2023 година, откако во епска битка во полската „света војна“ славеше на гостински терен над Киелце со минимални 28-29. Ова е прва победа на Висла во Киелце уште од 22 мај 2011 година, со што е прекината неверојатната низа на полскиот првак, од 189 победи во серија на домашен терен во домашното првенство.
Гостите максимално мотивирани влегоа во мечот, контролирајќи го резултатот во првото полувреме и на одмор заминувајќи со четири гола предност (11-15). Висла беше на чекор до триумф откако во последната минута имаше „плус еден“ и напад, но гостинските ракометари ја загубија топката, по што Наи погоди за израмнување.
Сепак, гостите имаа еден последен напад, што Дашек го претвори во победнички погодок во последните секунди, за огромна радост на сите ракометари и навивачи на Висла на овој натпревар./ekipa.mk/