СПОРТФУДБАЛ

Килиан Мбапе со посебно барање до Реал, “Лос Бланкос” нема да му прави проблеми

Француската ѕвезда Килиан Мбапе по сè изгледа ќе се приклучи на Реал Мадрид ова лето. Тој веќе го извести ПСЖ дека заминува, а, иако нема официјална потврда за тоа, се очекува кариерата да ја продолжи во Мадрид.

Покрај трансферот, веќе е извесно дека Мбапе ќе има и едно специјално барање до клубот. Имено, тој сака со себе да го поведе и помладиот брат Етан Мбапе, кој е под договор со ПСЖ. Веројатно Реал нема да му прави проблеми и ќе се обиде да го откупи неговиот договор од парижани.

Младиот 17-годишен Мбапе веќе е дел од првиот тим на ПСЖ, меѓутоа во ротацијата на Луис Енрике. Останува да се види дали тој може да напредува и да исполни барем дел од потенцијалот на неговиот брат.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button