СПОРТФУДБАЛ

Килијан Мбапе, може да го пропушти мадридското дерби

Килијан Мбапе, заработи лесна повреда на натпреварот против Алавес (3-2) и би можел да го пропушти гостувањето кај Атлетико Мадрид овој викенд. Мбапе го напушти теренот во 80. минута, откако претходно постигна еден од головите за „кралевите“.

Advertisements

Тој почувствува непријатност во левиот бутен мускул и му сигнализираше на тренерот Карло Анчелоти дека сака замена. Французинот ќе помине дополнителни прегледи, по што ќе се знае дали ќе биде подготвен за дербито на „Ванда Метрополитано“ на 29 септември.

Мбапе постигна седум голови на девет натпревари во сите натпреварувања, откако се приклучи на Реал Мадрид ова лето.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button