СПОРТФУДБАЛ

Кимих ги одби понудите од Реал и Барселона, сака да игра во англиската Премиерлига

Германскиот репрезентативец Џошуа Кимих не потпиша продолжување на договорот со Баерн Минхен и многу веројатно е дека уште летово ќе го напушти клубот.

Advertisements

Иако го посакуваат неколку големи клубови во Европа, меѓу кои Реал Мадрид и Барселона, тој сака да се приклучи на само еден тим, а тоа е Манчестер Сити, пишува „Билд“.

Шампионот на Англија го сакаше Кимих и минатата зима, но челниците на клубот од „Итихад“ решија да почекаат до крајот на сезоната за да ги отворат преговорите со Баерн Минхен.

Германците во зимскиот преоден рок побараа околу 60 милиони евра за Кимих, што беше сепак премногу. Од друга страна, Манчестер Сити сакаше да плати само половина и тие се уверени дека можат да го направат тоа ова лето.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button