СВЕТ

Кина го откри најголемото наоѓалиште на злато во светот, се проценува на 76 милијарди евра

Кина во својата централна провинција Хунан го откри најголемото наоѓалиште на злато во светот, кое според геолозите може да содржи 1.000 тони од овој благороден метал, а неговата вредност, според денешните цени, се проценува на околу 76 милијарди евра.

Advertisements

Користејќи техники за истражување на руда и 3Д геолошко моделирање, геолозите ја мапираа структурата на огромните златни вени под рудникот за злато Вангу.

Според Геолошкиот институт во провинцијата Хунан, откриени се 40 златни вени на длабочина од околу 1.600 метри, а само тие може да содржат 300 тони злато, додека подлабоките слоеви веројатно кријат уште поголеми резерви, пишува Daily Mail повикувајќи се на кинески државни медиуми.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button