СВЕТ
Кина и САД постигнаа трговски договор!

Американскиот претседател Доналд Трамп денеска објави дека е постигнат трговски договор меѓу САД и Кина по дводневните разговори во Лондон оваа недела.
„Нашиот договор со Кина е постигнат“, рече Трамп на својот профил на социјалните мрежи Truth.
Според Трамп, САД ќе имаат пристап до резервите на ретки земјини минерали и магнети во Кина, што беше едно од главните барања на американската делегација за време на разговорите во Ленсдаун Хаус во понеделник и вторник.