СВЕТ

Кина им возврати на САД со царини

Пекинг им возврати на САД со царини откако на сила стапија новите американски давачки на увозот од Кина, обновувајќи трговска војна помеѓу двете најголеми светски економии.

Advertisements

САД ѝ воведоа царини од 10% на Кина откако Доналд Трамп ја обвини дека не прави доволно за да спречи внесување на дроги во Америка. Веднаш откако тие стапија на сила, кинеското министерство за финансии објави дека воведува царини од 15% за американските јаглен и течен природен гас, како и 10% за сурова нафта, земјоделска опрема и некои автомобили. Овие царини ќе почнат да се применуваат од 10 февруари.

Кина објави дека истовремено почнала антимонополска истрага против технолошката компанија „Алфабет“, која го поседува „Гугл“.

Трамп вчера во последен момент се согласи да ги одложи новите царини за Мексико и Канада за 30 дена. Двете држави се соочуваа со царини од 25%, но барем привремено се спасија од нив откако било договорено да ги зајакнат контролите на своите граници со САД. Вакви отстапки немаше за Кина и Белата куќа соопшти дека Трамп би можел да разговара со кинескиот претседател Шји Џинпинг дури подоцна оваа недела.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button