СВЕТ
Кина сподели информации за оштетените подводни кабли во Балтичкото Море

Кина достави информации и документи за заедничка истрага за оштетените подморнички кабли во Балтичкото Море и ги покани Германија, Шведска, Финска и Данска да учествуваат во истрагата, соопшти денеска кинеското Министерство за надворешни работи, пренесе Ројтерс.
Во делот на Балтичкото Море кој припаѓа на шведските територијални води, минатиот месец беа оштетени два подводни кабли за пренос на податоци.
Шведските, финските и литванските власти го истражуваат оштетувањето на каблите, додека германскиот министер за одбрана Борис Писториус изјави дека постои сомневање за саботажа.