КОШАРКАСПОРТ

Кинеска тинејџерка од 220 сантиметри доминира над ривалите

Кошаркарскиот свет е вчудовиден од изгледот на Женг Жу, кинеската кошаркарка која има неверојатна висина и е дел од Азиското првенство за кошаркарки до 18 години.

Жу, која е висока 220 сантиметри, доминираше над ривалите од Индонезија и сите ги остави вчудоневидени поради висината која ја има на 17-годишна возраст. Кинеската постигна 19 поени, а забележа уште седум скока, направи три блокади и имаше две украдени топки.

Интересен податок е дека Жу е повисока од нејзиниот татко кој е висок 213 сантиметри, а нејзината мајка е висока „само“ 198 сантиметри.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button